Концептот на BMW Серија 3 GT е подготвен за Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Концептот на BMW Серија 3 GT е подготвен за Париз

BMW на овогодишниот Саем во Париз ќе го претстави нивниот втор модел со GT ознака, базиран на Серија 3.

Новиот пет-вратен модел ќе биде базиран на продолжена верзија од платформата на BMW Серија 3. Точните димензии не се објавени, но GT најверојатно ќе добие малку пократко меѓуоскино растојание од Серија 3 Li, која е за 110mm подолга од стандардната Серија 3 седан со должина од 2810mm. Се очекува на истата платформа да биде поставена и BMW Серија 4 Gran Coupe.

BMW Серија 3 GT, означена F34, ќе има повисока линија на покривот од стандардната Серија 3, но ќе располага со поатрактивен изглед во споредба со Серија 5 GT. Поради продолженото меѓуоскино растојание, се очекува да има повеќе место во внатрешноста, како и поголем багажен простор од Серија 3 Седан.

Исто така, купувачите ќе можат да изберат помеѓу две или три седишта на задната клупа, како опција ќе се нуди панорамски кров, додека петтата врата ќе може да се отвора на два начина, само стаклото или пак целосно.

Палетата на мотори се очекува да биде иста како кај стандардниот модел. Се зборува дека новата Серија 3 GT во однос на Серија 3 седан ќе биде поскапа за околу 4,500 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.