Lotus ќе го произведе Renault Alpine? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lotus ќе го произведе Renault Alpine?

Поради намалување на трошоците за производство, новиот Renault Alpine и сериската верзија на концептот Infinity Emerg-e би можеле да бидат произведени од Lotus.

Infiniti сеуште не го потврди сериското производство на суперавтомобилот, чиј прототип беше базиран на концептот Lotus Evora 414E, но главниот дизајнер Широ Накамура истакна дека би можел да биде создаден во Велика Британија.

Во меѓувреме, маркетинг шефот на Renault, Стив Норман потврди дека новиот Alpine ќе има позади или средишно поставен мотор.

Базирањето на двата модели на платформата од Evora би имало смисла. Emerg-e моментално се развива како движечки прототип базиран на платформа на Evora со Lotus-овиот експериментален 414Е хибриден погон, кој би одговарал за Renault Alpine, бидејќи сите претходни модели беа со мотор поставен позади.

Доколку договорот биде склучен, од него најмногу корист ќе извлече Lotus, бидејќи би можел да го спаси од кризата во која се наоѓа, додека на Renault и Infinity, овој потег би им овозможил да ги намалат трошоците.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.