Ice Blade -Новиот проект на SR Auto Group! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ice Blade -Новиот проект на SR Auto Group!

SR Auto Group нам ни се веќе добро познати – тјунерите овој пат направија еден нов проект кој го носи името Ice Blade, а во главна улога е можеби најдобриот автомобил во моментов – Ferrari 458 Italia!

Ова не е прв проект на SR Auto Group во кој тјунинг пакетот се однесува на 458 Italia, но овојпат тие се надминаа себеси. Да видиме за што се работи:

Како што и самото име ни наговестува, ова Ferrari има ледено бела боја, но со црни детали како контраст. Највлијателен детал се секако големите црно-црвени PUR 22-инчни бандажи.

Како што и доликува на еден спортски автомобил, целиот боди кит (предниот спојлер, страничните прагови, задниот дифузор, задниот спојлер и ретровизорите) се направени од јаглеродни влакна. Заедно со ова, 458 Italia Ice Blade доби и нов спортски издувен систем!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.