Jaguar откри дека новиот F-type официјално ќе биде претставен на автомобилскиот Саем во Париз на 27-ми Септември.
Овој спортски кабриолет ќе биде достапен со избор од три бензински мотори. Тоа се новиот 3.0-литарски V6 со компресор во варијанти од 340 кс и 380 кс, плус 5.0-литарски V8 исто така со компресор.
Останува нејасно колку сила ќе произведува најголемиот агрегат, но најверојатно е дека ќе изнесува 503 кс, исто како кај останатите модели од гамата на Jaguar. Забрзувањето од место до 100км/ч ќе изнесува помалку од 5 секуди, додека максималната брзина ќе надминува 290 км/ч.
Сите варијанти од F-type ќе располагаат со Jaguar-овата осум-степена автоматска трансмисија и сериски ќе бидат опремени со старт/стоп технологија.
Што се однесува до изгледот, Jaguar претстави официјални фотографии на кои автомобилот е маскиран, но според формата и облините, може да претпоставиме дека станува збор за кабриолет верзија од концептот C-X16.