Ferrari 599 GTB Fiorano by A.Kahn – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari 599 GTB Fiorano by A.Kahn

Денес ќе ви претставиме еден тјунинг пакет од добро познатиот A.Kahn, но овојпат тој работи на Ferrari 599 GTB Fiorano.

За A.Kahn сме зборувале неколку пати, а пред некое време ви претставивме како тие ја замислуваат славната 458 Italia. Британската тјунинг куќа повторно работи со Ferrari, но овојпат со 599 GTB Fiorano.

Тјунинг пакетот започнува од новите сопирачки кои се направени од јаглеродни влакна, а нивните поклопци се обоени во жолта боја. Менувачот исто така добива неколку модификации. Секако ги забележуаваме и новите Monza 21-инчни фелни кои го надополнуваат спортскиот дизајн на 599 GTB Fiorano.

Внатршноста е исто така малце изменета, сега таму се сместени Daytona спортските седишта, а како и повеќето проекти на Kahn, внатрешноста може да биде во боја по желба на купувачите.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.