S.W.A.T. Volkswagen Passat CC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

S.W.A.T. Volkswagen Passat CC

Германскиот тјунер S.W.A.T. (Special Wagons And Tuning) го замаскира овој Passat CC со војничка фолија.

Додека војничките шари служат им служат на војниците за да се прикријат во средината и да останат неприметени, во овој случај тие се додадени со цел возилото да дојде повеќе до израз, а за тоа помагаат и жолтите трепкачи.

Покрај фолијата, овој Passat CC вози на пониска спортска суспензија со пократки пружини и 20-инчни алуминиумски бандажи во крем боја обвиени во гуми со големина од 225/30ZR20.

На крај, S.W.A.T. го надгради моторот и издувниот систем, па така сега силата изнесува 280 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.