Maserati планира помал модел со четири врати – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati планира помал модел со четири врати

Maserati планира за една година да претстави нов седан базиран на Lancia Thema, односно Chrysler 300, во класата на BMW серија 5 и Jaguar XF.

Се шпекулира дека новиот четири-вратен седан ќе биде наречен Levante, a неговото дебитирање ќе биде на Франкфуртскиот автомобилски саем во Септември следната година. Поставен на изменета верзија од Chrysler-овата платформа со заден погон, најверојатно ќе го дели истото меѓуосовинско растојание од 3052mm со останатите седани и ќе располага со атрактивен дизајн, развиен од Maserati.

Следната генерација на Quattroporte ќе вози на продолжена верзија од истата платформа, а нејзината должина ќе изнесува приближно 5.2 метри. V8 бензински мотори ќе бидат во понуда со двата модели, додека бензинските и дизел V6 агрегати ќе бидат резервирани за помалиот модел. Сите агрегати ќе бидат усогласени со осум-степен ZF автоматски менувач.

Ова нема да биде единствениот Maserati поставен на Chrysler-ова платформа, така што сериската верзија од концептот Kubang всушност ќе биде базирана на Jeep Grand Cherokee.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.