Иако наредниот модел доаѓа за помалку од година, Volkswagen Golf GTI е уште омилен во тјунинг индустријата.
Германската компанија BBM Motosport ги комбинираше силите со повеќе афтермаркет брендови за да го создаде автомобилот кој го гледаме на сликите.
Со ремапирање на софтверот и додавање на специјален издувен систем, BBМ Motosport успеа да извади дополнителни 63 коњски сили и 100 Nm од 2.0-литарскиот четирицилиндричен агрегат со турбополнач, така што овој модел располага со 271 кс и 380 Nm.
Новиот систем за сопирање од StopTech заедно со потвдата суспензија од KW и новите 20-инчни алуминиумски бандажи обвиени во гуми со профил 235/30R20 овозможуваат подобрена стабилност и управливост. Што се однесува до екстериерот, може да се забележи и заден браник позајмен од R верзијата.
CFC-Styling го завитка автомобилот во мат сина фолија, предните крила во “sticker bomb” стил, додека капаците на ретровизорите, поклопецот на моторот и задниот дифузер се направени од јаглеродни влакна.