Martini Racing е комбинација која е своевидна легенда меѓу тркачките ентузијасти. Комбинацијата досега красела многу тркачки автомобили, а денес Ви го претставуваме Porsche 918 во такво издание!
Porsche го тестира 918 Spyder, а редовна дестинација за тестирање е и легендарниот Nürburgring-Nordschleife. Инженерите на Porsche си имаат поставено една цел – а тоа е дека нивниот 918 Spyder ќе го помине легендарниот „зелен пекол“ за помалку од 7 минути и 22 секунди.
Како што веќе сме пишувале, 918 Spyder го придвижува иновативен хибриден погон, кој на автомобилот му нуди вкупно 770 коњски сили, но она што навистина изненадува е ниската потрошувачка за овој модел – односно 3 литри на 100 изминати километри, и ниска емисија на штетни гасови од околу 70 грама CO2 на изминат километар!
Најновиот тестен автомобил на концептот сега ги носи легендарните Martini Racing бои на старите тркачки тимови на Porsche кои станаа познати во 70-тите години од минатиот век кога Martini беше главен спонзор. Сега оваа комбинација на бои повторно ќе може да се нарача, кога ќе решите да го купите вашиот 918 Spyder!