Kia ги претстави првите дигитални скици од новиот компактен моноволумен Carens. Третата генерација на овој модел ќе ја доживее светската премиера на Саемот во Париз во Септември.
Новата генерација на Carens користи модифицирана верзија на платформата на Cee’d која ја дели со Hyundai I30. На Европскиот пазар ќе се нуди со 1.4-литарски и 1.6-литарски бензински и дизел агрегати.
Скиците објавени од Kia асоцираат дека дизајнот на новиот Carens ќе биде во најголем дел инспириран од последната генерација на Cee’d. Овој модел располага со посвеж и поскладен дизајн, пониска линија на покривот, подолго меѓуоскино растојание како и поголеми тркала од неговиот претходник.
Покрај поспортската надворешност, Kia истакна дека главен приоритет на дизајнот биле практичноста и просторноста, што што значи дека може да се очекува паметен распоред на седиштата со распоред од 5 или 7.