Mercedes неодамна започна со сериско производство на новата генерација на A-класа, а сега Германскиот производител соопшти дека интересот на купувачите за овој модел е поголем од нивните очекувања.
Иако новата А-класа не се нуди на неколку поважни пазари во светот, влкучувајќи ја Северна Америка, побарувачката за овој премиум компакт ги надмина почетните очекувања, со тоа што Mercedes-Benz прими повеќе од 40,000 порачки до денес.
Поради тоа, Mercedes го ангажираше Финскиот производител Valmet Automotive, кој во периодот од 2013 до 2016 година ќе произведе повеќе од 100,000 примероци од А-класата. Valmet моментално е дом на Fisker Karma, а претходно бил користен за создавање на моделите Porsche Boxter и Cayman, Vauxhall Calibra и неколку модели на Saab.