Opel одлучи да ја прошири понудата за популарниот градски автомобил, Corsa. Таа сега во својата All Black/White Colour Edition нуди и нов мотор!
Сега Opel во понудата на Corsa го вметна и новиот посилен 1,4 турбо ecoFLEX мотор кој нуди 120 КС и 175 Nm вртежен момент! Максималната брзина која ја достигнува овој мотор е 195 km/h. Овој мотор се воведува заедно со новите All Black/White Colour Edition.
Освен повеќето КС, 1.4 турбо бензинецот нуди и прилично мала просечна потрошувачка која се движи околу 5,5 l/100 km (според официјалните податоци). Според Opel, ниската потрошувачка е постигната благодарејчи и на start/stop системот кој е во сериската опрема на новите верзии на Corsa ( All Black/White Edition).
Овие две нови верзии на Corsa освен новиот мотор, добиваат и две нови бои и некои поситни стајлинг промени. Во понудата се Casablanca White и Carbon Flash боите. Логото на предниот дел е исто така во боја на каросеријата, а тука се и сега поголемите 17-инчни бандажи.