Руски студент дизајнер на Московскиот Државен Технички Универзитет “MAMI” дојде до идеја да искомбинира елементи од повеќе автомобили за да создаде водечки спортски седан за неговиот финален дисертациски проект.
Дизајнерската студија е именувана R9 и е замислена како Audi-ева верзија на Lamborghini Estoque. Автомобилот комбинира дизајнерски елементи од останатите модели на Audi, па така може да се забележи преден дел сличен на оној од Quattro Concept, кој беше инспириран од оргиналниот Quattro Coupe, како и “купе” линија на покривот слична на А5 и А7 Sportback моделите.
R9 е замислен да има напред поставен мотор и Quattro погон на сите тркала.