Регулаторната комисија тукушто ги објави новите цени на горивата – бензините поевтинуваат 2.5 односно 3 денари, а дизелот ќе поевтини за 3 денари!
Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 4.80%. Соодветно на тоа, новите цени кои комисијата тукушто ги објави се следните – ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 75.50 денари а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 77 денари. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 64.50 денари за литар.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а нова пресметка ќе има за 14 дена.