Изложба на историски автомобили во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Изложба на историски автомобили во Скопје!

Викендов во нашиот главен град се одржа изложба на олдтајмери, односно историски автомобили како што беа наречени. Убавите и ретки автомобили успешно го привлекоа вниманието на Скопјани!

Автомобилите кои дојдоа од најразлични градови од Македонија, но и гостите од странство беа интересна глетка која никого не го остави рамнодушен. Меѓу внимателно реставрираните автомобили имаше и некои кои беа во процесот на реставрирање и разубавување, но нема да им забележиме на тоа, туку само ќе ги мотивираме нивните сопственици побрзо да ја завршат работата за да можеме сите да уживаме.

Нам вниманието највеќе ни го задржа прекрасно и детално реставрираниот Jeep Willys од далечната 1945-та година. Вниманието, љубовта и времето вложени во овој автомобил се гледаа од далеку, а ние сме навистина горди што еден ваков прекрасен проект потекнува токму од Македонија. По краткиот разговор со неговиот сопственик дознавме дека покрај тоа што е успешно реставриран, автомобилот беше донесен во Скопје од Кавадарци со сопствен погон – односно сопственикот го возел од Кавадарци до Скопје! Секоја чест!

Настанот имаше натпреварувачки карактер и интересно беше да се ужива во духот на олдтајмерите и љубовта која луѓето ја имаат кон нив. Подолу ви ги пренесуваме резултатите за домашните учесници.

Домашни учесници:

1. Најдобро реставриран автомобил:

Бр. 48 Aco Atanasovski – ZASTAVA 750/FIAT 600D – 1967

2. Најдобро реставриран автомобил – кабриолет:

Бр. 58 Дејан Пановски – TRIUMPH SPIT FIRE – 1969

3. Најдобро реставриран теренско возило:

Бр. 8 Сашо Несторов – JEEP WILLYS – 1945

4. Најдобро реставриран моторцикл:

Бр. 83 Николче Димисков – BMW R26 – 1957

5. Најдобро реставриран моторцикл со приколка:

Бр. 87 Никица Арсовски – Ural 650 – 1961

6. Најдобро реставриран моторцикл – веспа:

Бр. 71 Предраг Василљевик – Vespa GS – 1964

Ви пренесуваме дел од атмосферата на плоштадот во Скопје. Уживајте во фотографиите, но и видеото кое за нас го подготви Дарио Бурагев, кој и самиот учествуваше на изложбата со неговиот внимателно реставриран 1977 Volkswagen Golf.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.