Cadillac ги објави плановите да создаде сериска верзија од концептот Converj, којa ќе ја носи назнаката ELR.
Веќе е познато дека тој ќе се базира на Chevrolet Volt, но најновите гласини кажуваат дека ELR ќе биде во голем дел изменет со цел да се разликува од него. Покрај посагресивниот стајлинг, ELR ќе има луксузен ентериер и зголемена звучна изолација.
За да се спротивстави на зголемената на тежина, ELR најверојатно ќе го замени Volt-овиот 1.4-литарски мотор со помоќен Ecotec MGE со зафатнина од околу 1.8-литри. Може да се очекува и поголема Литиум-јонска батерија која ќе има енергетски капацитет од над 17.0 kWh.
Кога ќе се собере сето тоа, ELR се очекува да има цена од скоро 55,000 долари, што е околу 15,000 долари повеќе од Chevrolet Volt.