Hyundai претстави нови детали и неколку фотографии од целосно новaта генерација Santa Fe, пред дебито на автомобилскиот саем во Париз.
Што се однесува до изгледот на ентериерот и екстериерот, Европскиот Santa Fe не е ништо поразличен од Американскиот Santa Fe Sport кој беше прикажан на автомобилскиот саем во Њу Јорк во Април.
Додека Американците ќе добијат и верзија со 7 седишта, Европјаните ќе мораат да се задоволат само со овој модел кој мери должина од 4,690 mm, но ќе биде понуден во избор со конфигурација на седење од пет или седум седишта.
Новиот Santa Fe ќе биде достапен со само еден дизел мотор и опција од погон на две или сите четири тркала. 2.2-литарскиот турбо дизел мотор со четири цилиндри потекнува од постариот модел и произведува 194 КС и 421 Nm вртежен момент.
Верзијата со погон на само две тркала забележува просечна потрошувачка од 5.9 литри, додека верзијата со погон на сите тркала е со просечна автономија од 6,1 литри на 100 километри.
Hyundai ќе го нуди ова спортско корисно возило во три нивоа на опрема Style, Premium и Premium SE.