Mercedes-Benz ни открива уште една особина на нивната G-класа која ја има од неговото лансирање, а тоа е наоѓање слободно паркинг место.
Претходно ви ги покажавме можностите на ова спортско корисно возило со 5.5-литарски V8 мотор, кој произведува 544 коњски сили и 760 Nm вртежен момент. Сега Mercedes-Benz на комичен начин ни го прикажува нивниот “нов систем за паркирање”.
За да не ви го скратиме задоволството да бидете пријатно изненадени, нема да ви откриеме за што точно се работи. Уживајте во кратката реклама за G63 AMG!