Британскиот производител на луксузни автомобили Aston Martin го пушти во функција новиот конфигуратор за Aston Martin AM310 Vanquish.
Програмот е прилично едноставен и прилично ограничен во споредба со другите online конфигуратори како тие на Ferrari. Овозможува да одберете боја на екстериерот на автомобилот со или без карбонскиот пакет, додека тука е исто така избор на тркала и бои нa шепите од сопирачките. Можете да си играте со конфигураторот следејќи го овој линк.
Новиот Vanquish ќе го направи неговото јавно дебитирање во некоја од следните седмици и ќе започне со продажба во Европа пред крајот од оваа година.