Веќе долго се зборува за наследникот на легендарниот DBS, Vanqusih и речиси секојдневно се појавуваат нови информации и шпекулации за него. Сега конечно е презентиран и можеме да уживаме во неговата убавина!
Vanquish е моделот кој треба да го замени DBS, можеби најпопуларниот Aston Martin! Најавата за Vanqush беше минатиот месец со претставувањето на концепт возилото Projdect AM 310. Иако името е сменето, тоа не значи дека се работи за комплетно нов модел, напротив сличностите со DBS се големи!
Да почнеме со оној поинтересен дел кај Vanquish. Тоа секако е моторот. 5.9 V12 мотор со 565КС и 620Nm вртежен момент е сместен под хаубата. Погонот е на задните тркала, а за менувањето брзини се грижи Touchtronic 2 автоматскиот менувач кој го знаеме од DBS. На британскиот суперавтомобил му се потребни 4.1 секунда за да забрза до 100 km/h а постигнува максимална брзина од 295 km/h.
Pirelli специјално за овој модел ги подготви новите P-Zero спортски гуми кои се наоѓаат на 20-инчните бандажи. Дизајнот на Vanquish има големи допирни точки со легендарниот модел на Aston Martin, DBS но исто така голема улога во дизајнот на Vanquish има и One 77!
Vanquish е долг 4,720 мм, широк 2,067 мм и висок1,294 мм. Во овие димензии се сместени две или четири седишта, во зависност од моделот, а тука е и багажниот простор од 368 литри. Внтрешноста потсетува на DBS, но сега со малку по футуристички детали!
Кога веќе видовме што се нуди Vanquish, да го разгледаме поубаво низ слики, сепак само тоа ни преостанува бидејќи неговата цена е 234.000 евра!