Наредниот Ford Focus RS ќе има 330 КС – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наредниот Ford Focus RS ќе има 330 КС

Ford објави нови информации за следната трета генерација на Ford Focus RS, според кои моделот најверојатно ќе има 330 КС.

Вестите доаѓаат од Matthias Ton, главниот инженер задолжен за Focus ST. Тој потврди дека 2.0-литарскиот мотор со 250 КС од ST верзијата веќе го има достигнато максимумот, па затоа Ford развива нов 2.3-литарски EcoBoost мотор со цел да ја достигне силата која му е потребна на RS. Овој мотор ќе се вградува и во основната верзија на Ford Mustang, наместо потешкиот V6 мотор.

Со 330 КС новиот 2.3-литарски EcoBoost мотор ќе биде за 25 КС посилен од претходниот 2.5-литарски пет-цилиндарски турбо мотор. Другите надградби кои RS ќе ги добие во споредба со ST, вклучуваат механички диференцијал за ограничено пролизгување, поголеми сопирачки и потврда суспензија. Исто така треба да очекуваме поагресивен надворешен дизајн кој ќе се истакнува од дизајнот на конзервативниот ST, како и доста поразличен ентериер.

Според извештајот, Ford ќе го донесе Focus RS во салоните при крајот на 2013.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.