Seat @Mii Edition! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Seat @Mii Edition!

Шпанската верзија на VW Up!, Seat Mii добива нова специјална верзија со која малиот градски автомобил треба да биде популарен, посебно за младите возачи!

Новата специјална верзија го носи името @Mii Edition, а покрај ознаките @Mii, добива и нови 14 инчни Silva алуминиумски бандажи, бели електрични ретровизори. @Mii е достапен во Night Blue металик. Внатрешноста е во Candy White боја, со кожен волан и менувач, нов аудио систем со шест звучници и 5-инчен TFT екран на допир.

Под хаубата на @Mii се наоѓа 1.0 трицилиндричниот бензинец со 75КС!

@Mii ексклузивно ќе се продава само онлајн, па така доколку ви се допаѓа оваа верзија на малиот градски автомобил, неколку клика (и 11.200 евра) ве делат од @Mii!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.