Skoda денес официјално претстави две нови фотографии од својот најнов седан – Rapid. На фотографиите конечно може да видиме како изгледа овој седан.
Неколку дена по претставувањето на скиците и неколкуте слики од деталите на Rapid, Skoda го откри ликот нановиот седан. Како што знаеме, Rapid произлегува од Mission L концептот кој имавме шанса да го видиме во Женева.
Rapid го претстаува новиот дизајнерски правец на Skoda, а неговото место во понудата е меѓу познатата Fabia и поголемиот седан, Octavia. Европската верзија на Rapid е долга 4.48 м, широка 1.7 м, а ќе нуди и 500 литри багажен простор.
Сега за сега знаеме дека оваа каросерија ќе биде придвижувана од пет бензински мотори и два дизел агрегати. Сеуште нема подетални информации околу тоа кои мотори ќе бидат во понудата иако се шпекулира дека во тоа се: 1.2 бензинецот со 75КС, 1.2 TSI со 86КС, 1.2 TSI со 105КС, 1.4 TSI со 122КС и 1.4 TSI со 160КС. Понудата треба да биде заокружена со 1.6 TDI со 90КС и 1.6 TDI со 105КС.
Цената и подетални информации се очекуваат наскоро, а се шпекулира дека основниот модел на Rapid ќе се продава по цена од 11.690 евра!