Аudi доминираше на 24 часа Ле Ман – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Аudi доминираше на 24 часа Ле Ман

По единаесетти пат во последните 12 години, Audi прв го дофати шаховското знаме на познатата трка во издржливост 24 часа Ле Ман, со R18 e-tron quattro.

Победата на Audi на кружната патека Sarthe беше од посебно значење, бидејќи до триумфот дојдоа со хибридниот дизел модел R18. Во претходната 2011-та година, Германскиот бренд го зема првото место со дизел автомобил. Осумдесеттото издание на најпрестижната трка во издржливост, го одбележи тотална доминација на Audi, бидејќи возачите на оваа екипа го пополнија цел подиум. Тие завршија на прво, второ, трето и петто место.

По откажувањето на Peugeot од 24 часа Ле Ман, за главен конкурент на Audi се сметаше тимот на Toyota, но ниту една од двете нејзини екипи не успеа да стигне до целта.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.