Доколку се запрашавте зашто Opel кога ја претстави седан верзијата на Astra, не го прикажа и нејзиниот преден дел. Одговорот го добивме денес, Astra доби фејслифт кој се однесува на сите нејзини верзии!
Astra, најпопуларниот модел на Opel доби свое освежување во надворешниот дизајн. Заедно со претставувањето на фејслифтот, Opel во понудата за Astra додаде и нов Bi-Turbo дизел мотор со 192 КС!
Фејслифтот очекувано не донесе некои драстични промени. Кај предниот дел измените воглавно се однесуваат на долниот дел на браникот, кој сега треба да изгледа по агресивно, редизајнираните светла за магла и некои помали промени на предната маска. Позади пак дури не се забележуваат измени. Единствени новитети назад се хромираната лајсна и малите промени на местото предвидено за регистарска таблица. Со фејслифтот доаѓа и нова понуда на алуминимски фелни како и поголем избор на бои.
Внатре исто така нема големи промени. Новитетите тука се само новите бои и материјали кои се сега во понудата.
Најголемиот новитет е новиот мотор кај Astra GTC. Тоа е новиот 2.0 Bi-Turbo CDTI турбо дизел агрегатот кој има моќност од 192 КС и 400 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 7,8 секунди, а максималната брзина изнесува 225 km/h. Според податоците од Opel, комбинираната потрошувачка на овој мотор е 5.3 l/100km. 2.0 Bi-Turbo CDTI моторот почнува со продажба оваа есен!
Astra GTC заедно со новиот мотор добива и нов бодикит заедно со нови 18-учни бандажи. Сега е и пониска за 6мм.
Да напоменеме дека на врвот на понудата останува Opel Astra GTC OPC со својот 2.0 литарски турбо мотор и 276КС!