Повторно во фокусот се MINI и Олимписките игри во Лондон оваа година. По тој повод MINI претстави надградена верзија на Rocketman Concept!
MINI го претстави овој концепт на саемот во Женева, а сега повторно го актуелизира истиот со надградената верзија посветена на Олимписките игри.
Најголемата промена во однос на претставениот концепт на саемот во Женева се секако изборот на боите. Нормално, сега се застапени боите на Велика Британија – темно сина, црвена и бела! Целта на овој концепт останува иста – мал градски автомобил!
MINI Rocketman Concept е препознатлив со дводелното отварање на вратата на багажниот простор, а се издвојуваат и LED светлата, 18-ичните бандажи, стаклениот панорамски покрив со знамето на Велика Британија и специфичниот ентериер со четири седишта но во 3+1 издание.
BMW е еден од партнерите на Олимписките игри во Лондон, а неговите модели заедно со автомобилите на MINI ќе бидат и официјални транспортни возилa за спортистите ифункционерите на Олимписките игри. Затоа BMW и MINI активно работат на промоцијата на своите возила и ваквите и слични концепти се очекуваат и во иднина.