На саемот во Париз во Септември, BMW ќе претстави концептна верзија на Серија 1 GT, а нејзината сериска изведба ќе биде прикажана во 2014.
Серија 1 GT ќе вози на истата платформа како и следната генерација на Mini, но ќе биде повисока од Мini и стандардната Серија 1. Ова ќе биде првиот ван модел на BMW, главен конкурент на Mercedes-Benz B-class.
Во понуда ќе биде со три и четири-цилиндрични турбо мотори со погон на предните тркала. Нов во понудата ќе биде 1.5 литарскиот, три-цилиндричен, бензински мотор со турбополнач кој исто така ќе се користи и во наредните модели на Mini. Тој всушност е класичниот 3.0-литарски, бензински, реден шест-цилиндричен мотор на BMW пресечен на половина.