Skoda ги претстави официјалните скици и слики од 2013 Rapid Sedan, компактен седан наменет главно за европскиот пазар.
Претходно виден како Mission L концепт на минатогодишниот саем во Франкфурт, серискиот Rapid ќе го доживее неговото прво јавно претставување во Париз овој Септември и ќе се појави во застапништвaта низ Европа пред крајот на годинава.
Покрај тоа што изгледа како седан со четири врати, задниот прозорец се подигнува заедно со багажникот откривајќи простор со зафатнина до 500 литри. Моторите ќе бидат потврдени подоцна, но бидејќи Rapid вози на продолжена платформа од сегашниот модел на Polo, најверојатно е дека ќе биде во понуда со слични бензински и дизел мотори.
Од Rapid ќе произлезе и новата генерација на Seat Toledo, која беше претставена како концептен модел на овогодинешниот саем во Женева.