Ferrari 458 Italia by A.Kahn – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari 458 Italia by A.Kahn

Кога мислиме дека на еден одличен автомобил како 458 Italia нема што да се додаде, се појави стајлинг пакетот на A.Kahn и успеа да не разубеди во тоа!

Пред некој ден ви претставивме еден стајлинг пакет за Ferrari 458 Italia од страна на Vorsteiner, сега повторно зборуваме за неповторливиот модел на Ferrari, но стајлинг пакетот го нуди A.Kahn Design!

Во неколку наврати говоревме за убавината на 458 Italia, а тјунерите Kahn се осмелија да направат нешто за што мислат дека ќе го “разубави” ова Ferrari. Да видиме што содржи стајлинг пакетот на A.Kahn, па потоа да ги погледнеме сликите и да видиме како изгледа сето тоа!

Стајлинг пакетот започнува со мат сиви детали како што се страничните прагови, задниот дифузер, покривот и некои делови на предниот и задниот дел од автомобилот. Надворешното “дотерување” завршува со 22-ичните бандажи и впечатливата жолта боја на сопирачките.

За жал A.Kahn Design не објавија слики од внатрешноста на 458 Italia, но сепак изјавија дека и таму има неколку промени. Електричните спортски седишта се прекриени со “Daytona” кожа а преовладуваат детали од карбонски влакна. Исто така купувачите ќе имаат голема можност за индивидуализација на внатрешноста!

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.