Почнуваат да се откриваат детали за новиот Volkswagen Golf GTI кој треба да се појави следната година!
Според Autocar, автомобилот ќе биде поставен на MQB платформата и ќе располага со алуминиумски под и покрив. Моделот се очекува да има VAQ преден диференцијал кој користи електронски контролирана Haldex спојка за подобрено управување. Силата најверојатно ќе ја произведува 2.0-литарски бензински мотор кој развива 260 кс, односно 50 коњски сили повеќе од сегашниот модел. Ова би требало да му овозможи на компактот да забрзува од 0-100 за помалку од седум секунди.
Иако досега се шпекулираше моќност од околу 220-230 коњски сили, новата бројка воопшто не изненадува. Сегашниот Golf R може да се пофали со истата бројка од 260 коњски сили, а секако тука е и роднината Seat Leon Cupra R кој ја нуди истата моќност. Претпоставуваме дека Volkswagen го чувствува притисокот од конкуренцијата и дека затоа е донесена одлуката за нудење посилен мотор. Колку за потсетување, новиот Ford Focus ST ќе нуди 250 коњски сили а новата Opel Astra OPC дури 280.