Mercedes-Benz најави замена за сегашниот SLS AMG. Наставката GT ќе донесе 20 КС повеќе!
Од октомври SLS AMG ќе биде подобрен, SLS AMG GT ќе го заземе неговото место. Фокусот на подобрувањата е ставен на перформансите додека надворешниот изглед е само минимално изменет.
Благодарение на репрограмирањето на ECU-то, 6.2 литарскиот V8 мотор сега располага со 591 КС и 650 Nm вртежен момент. Тоа значи дека сега SLS AMG GT од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,7 секунди, а до 200 km/h му се потребни 11,2 секунди! Максималната брзина на овој суперавтомобил е ограничена на “само” 320 km/h. При овие бројки сигурно се запрашувате колкава е потрошувачката на гориво? Според фабричките податоци SLS AMG GT троши само 13,2 l/100km, а емисијата на CO2 гасови е 308 грама по km.
Подобувањата продолжуваат и кај 7-степениот менувач кај кого е драстично намалено времето на менување на брзините со што се подобруваат перформансите и се намалува потрошувачката ( која кај ваков автомобил и не е битна).
Возачите во зависност од патеката и расположението сега можат да избираат помеѓу два мода на возење, “Sport” и “Sport Plus”. “Sport” се препорачува за секојдневно градско возење, а на патека се разбира, тука е “Sport Plus”.
SLS AMG GT ќе почне со продажба од Октомври оваа година со цена од 204.680 евра за купе верзијата додека кабриолетот ќе чини “малку” повеќе и има цена од 213.010 евра.
Со оглед на цената на SLS AMG GT, нам ни преостанува само да уживаме неколкуте слики што Mercedes ги објави!