Volkswagen Scirocco GTS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Scirocco GTS

Во чест на втората генерација на Scirocco GTS од пред 30 години, Volkswagen го претстави GTS моделот од последната генерација на Scirroco на Auto Mobil International во Лајпциг, Германија.

Опремен со 2.0-литарски турбо мотор кој произведува 210 коњски сили, Scirocco GTS го оживува сеќавањето на тркачкиот изглед од седумдесетите и осумдесетите со тркачки линии кои ги покриваат хаубата, покривот, покривниот спојлер и третата врата. Исто така располага со специјално дизајнирани преден и заден браник, странични прагови, црвени капаци на ретровизорите и поклопци на сопирачките, како и сјајни 18-инчни “Thunder” алуминиумски бандажи. Покривниот спојлер и задниот дифузер се земени од посилното Scirocco R.

Ентериерот располага со црни кожни седишта со црвени конци, плус славната рачка на менувачот во форма на голф топка како што беше во првата генерација на Golf GTI, но исто така и во 1982 Scirocco GTS.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.