Каскадерот од Кина, Han Yue постави нов светски рекорд за паралелно паркирање, овој пат рекордот е направен со MINI Cooper.
Една интересна вештина која добро би ни дошла и нам, на нашите паркинг простори и нашата култура на пaракирање!
Гинисовиот рекорд за паралелно паркирање повторно се враќа во Кина, а MINI Cooper ја има честа да биде автомобилот со кој овој рекорд е поставен. Han Yue успеа да го вметне MINI помеѓу две коли со само 15 сантиметри дополнителен простор меѓу нив. Да погледнеме како тоа се прави!