Mercedes GL63 AMG со 550кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes GL63 AMG со 550кс

Mercedes ја проширува гамата на нивната ново-претставена GL-класа со додавање на нов AMG модел со високи перформанси. 

2013 GL63 AMG се планира да излезе во продажба во Ноември. Овој огромен спортист го носи истиот 5.5-литарски V8 битуро бензински мотор кој го има и во другите AMG модели како ML63 AMG и SL63 AMG. Овој мотор испорачува 550 кс на 5,250-5,750 вртежи во минута и 760 Nm на 2,000-5,000 вртежи во минута.

Силата се пренесува кон сите тркала преку AMG SPEEDSHIFT PLUS 7G-TRONIC седум-степен автоматски менувач. Забрзувањето од 0-100 изнесува 4.9 секунди и има електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час, додека неговата просечна потрошувачка изнесува 12.3 литри на 100 километри.

Однадвор, GL63 AMG добива суптилни измени со поголеми отвори за воздух на предниот браник, четири издувни цевки под задниот браник и алуминиумски бандажи со големина од 21-инч. Ентериерот располага со нов спортски волан со зарамнето дно, уникатен тапацир со контрастни шевови и AMG инструмент табла.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.