Aston Martin AM310 Concept – Најава за новиот DBS? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin AM310 Concept – Најава за новиот DBS?

Кога утрото ќе ни започне со Aston Martin, тоа значи дека денот ќе биде навистина одличен! Aston Martin го претстави новиот AM310 кој е најава за следната генерација DBS!

Aston Martin AM310 Concept беше претставен на Concorso d’Eleganza на езерото Como во Италија и е визуелно многу сличен на своите претходници, но според најавите носи многу суптилни измени. Во дизајнот може да се примети влијанието на лимитираниот One-77, но колку што беше објаснето за изградбата на новиот концепт користено е многу повеќе јаглеродни влакна отколку порано. Нам единствено не ни се допаѓаат задните светла кои делуваат како непотребен чекор во погрешна насока по едноставноста и префинетоста на досегашните модели.

Иако тој сеуште се базира на постоечката (и докажана) VH платформа, таа е освежена и унапредена со нови материјали и техники на изработка.

За погонот сеуште не знаеме многу, но од Aston Martin изјавуваат дека AM310 користи 6-литарски V12 мотор со зафатнина поголема од 6 литри и моќност поголема од својот претходник. Во секој случај, очекуваме да дознаеме повеќе наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.