Ugur Sahin Design, Холандската дизајнерска куќа претстави интересен концепт кој прикажува гран туризмо модел на Alfa Romeo.
Главната цел на овој дизајн била да ги реинтерпретира историските линии, површини и форми на Alfa Romeo. Дизајнерот сакал да создаде проект кој дава свежа перспектива на познатиот Alfa Romeo дизајнерски јазик. Визуелно, C12 GTS има остри линии и површини, но сепак успева да ја задржи органската привлечност на Италијанскиот бренд.
C12 GTS ја добива иконската Alfa Romeo решетка, која претставува централна точка на дизајнерските линии што се движат кон задниот дел од автомобилот со минимално закривување. Создава имресија на движење дури и кога возилото стои во место. Пропорциите се грубо избалансирани и силуетата изгледа традиционално. Севкупно, C12 GTS се предложува како поголема верзија од 8C и повеќе личи на гран туризмо автомобил отколку на тркачко возило.
C12 GTS нема да стане реалност се додека компанијата не најде инвеститори кои би помогнале за овој концепт да стане реално, подвижно возило.