Панорама: Renault Alpine A110-50 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Renault Alpine A110-50

Пред само неколку дена, први и ексклузивно ви го претставивме Renault Alpine A110-50. Денес ги пренесуваме сите детали околу концептот на Францускиот производител!

Како и секој друг коцепт, и A110-50 го започна својот живот како цртеж, а потоа и како модел извајан од глина. Уште на самиот почеток бил очигледен визуелниот потенцијал кој се крие зад новиот дизајнерски јазик кој Renault го промовираше со концептот Dezir а се пренесува и во овој концепт.

Но покрај футуристичкиот и модерен дизајн, приметливи се и деталите кои се навраќаат на легендарната Alpine A110 Berlinette, особено околу светлосните групи, но и поставеноста на возилото. Страничниот профил иако е модерен изразено потсетува на славеничкото купе, кое годинава го прославува својот 50-ти роденден.

Но онаму каде A110-50 е сосем нов автомобил, е под поклопецот на моторот. Тука се крие 3.6-литарски V6 мотор кој испорачува 400 коњски сили на 7200 вртежи и 422 Nm вртежен момент при 6200 вртежи. Сите овие коњи ги придвижуваат задните тркала преку секвенционален автоматски менувач и диференцијал со ограничено пролизгување. Но она што е уште поинтересно е тежината – А110-50 е тежок само 880 килограми! Ниската тежина и големата моќност ветуваат одлични перформанси на тркачката патека!

За подобро да се запознаете со A110-50 ви нудиме неколку интересни видеа, но и мега-галерија со одлични фотографии од овој интересен и предизвикувачки концепт! Уживајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.