Peugeot тукушто го објави новиот 301 – нов компактен седан кој е наменет да се натпреварува на светскиот пазар, и според Французите, треба да биде еден од нивните најпродавани модели!
Според Peugeot, новиот 301 е јасна илустрација за интернационализацијата на марката и нејзината желба за освојување на нови пазари. 301 е дизајниран да биде привлечен за различни профили на купувачи, кои ги привлекува седанот со четири врати.
Автомобилот е долг 4.44 метри а има меѓуоскино растојание од 2.65 метри. Според Peugeot, 301 е рекордер кога станува збор за багажниот простор – тој нуди импресивни 506 литри багажен простор. Секако, се најавуваат и широка лепеза на безбедносни системи – како што се ESP, ABS, до четири воздушни перничиња, итн. Моторите кои ќе се вградуваат во 301 се 1.2 литарскиот бензинец со 72 коњски сили и 1.6 литарскиот бензинец со 115 коњски сили, но и 1.6 литарскиот HDi турбодизел со 92 коњски сили.
Новиот 301 ќе се произведува во фабриката на Peugeot во Виго, Шпанија. Светската премиера ќе ја има за време на Paris Motor Show во Септември а продажбата ќе започне на први Ноември во Турција а потоа и низ централна и источна Европа, Русија, Украина, Грција, итн.