Renault ги објави плановите да понуди специјално издание Twingo R.S. Red Bull Racing RB7.
Исто како верзијата на Clio со истото име, Twingo R.S. RBR RB7 има црна надворешност со елементи во Sirius жолта боја и затемнето шаховско знаме на покривот. Тука е Cup шасијата, која има потврда суспензија и е спуштена за 4mm, а покрај тоа додадени се и 17-инчни алуминиумски тркала. Во внатрешноста, кабината располага со сјајни црни детали, жолти контрастни конци и индивидуално одбележана “FIA 2011 World Champion” плочка на централната конзола.
Силата доаѓа од 1.6-литарски мотор кој произведува 133 коњски сили и 160 Nm вртежен момент. Тоа му овозможува на овој модел просечна потрошувачка од 6.5 литри на 100 километри со CО2 емисија од 150 грама на километар.