НАЈНОВО: Mazda и Fiat најавија соработка! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

НАЈНОВО: Mazda и Fiat најавија соработка!

Утринава Јапонскиот производител Mazda Motor Corporation и Италијанскиот гигант Fiat Group Automobiles S.p.A. најавија соработка, од која ќе излезат нови спортски автомобили!

Објавено е дека е потпишан необврзувачки меморандум за развивање и производство на нов роудстер за брендовите Mazda и Alfa Romeo на платформата на следната генерација на MX-5 роудстерот на Mazda, кој секако ќе биде на заден погон.

Според најавеното, и двете компании ќе развијат два различни, различно дизајнирани и специфични роудстери со погон на задните тркала, но и двата модели ќе имаат мотори кои се специфични за производителот. Се претпоставува дека и двете возила ќе се произведуваат во фабриката на Mazda во Хирошима, Јапан, и дека производството за Alfa Romeo би требало да започне во 2015 година.

Претседателот на Mazda, Такаши Јаманучи и претседателот на Fiat, Серџио Маркјоне изјавија дека ова е позитивен чекор за двата брендови, и дека се очекува да претстават водечки продукт. И двата претседатели се задоволни што работат со толку препознатливи и познати брендови, и дека се надеваат на добра соработка и во иднина.

Според некои познавачи, од соработката со Mazda би можел да произлезе и наследникот на Alfa Romeo 159, кој би се произведувал на платформата на следната генерација Mazda 6, која веќе ја знаеме преку Takeri концептот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.