Сегашниот Aston Martin DBS е врста во изумирање, па заслужува нешто специјално што ќе му го истакне изгледот уште повеќе.
Затоа, компанијата Anderson претстави специјално тјуниран прект наречен Casino Royale според славниот James Bond филм со истиот наслов.
Автомобилот може да се пофали со зголемена моќност од околу 520 кс на 572 кс. Неговиот 6.0-литарски V12 ја произведува оваа импресивна енергија користејќи нов издувен систем и засилена компјутерска единица.
Екстериерот на DBS Casino Royale е обоен во мат платинум сива боја и добива сет од 21-инчни сјајни темно сиви бандажи. Овие бандажи се направени од Anderson Germany и се обвиени со 225 гуми напред и 295 позади. Ентериерот во целост добива карбонска преработка.