Како што е вообичаено, и овој понеделник Регулаторната Комисија за Енергетика објави нови цени на горивата – бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизелот за половина денар!
Според методологијата за пресметка на цени, малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.42%. Согласно намалувањето, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 82.00 денари а ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 84 денари. Дизелот ќе се продава по цена од 72 денари.
Повторна рекалкулација на цените можеме да очекуваме за 14 дена.