Исто како Mercedes, сега и BMW прави револуција во именувањето на новите модели. Веќе слушнавме дека серија 3 купе и кабриолет се преименувани во серија 4, па сега истиот метод ќе биде применет и кај серија 1.
Новиот BMW серија 2 всушност ќе биде реименувана верзија на следната генерација на серија 1 купе и кабриолет. Придобивката од оваа стратегија ќе биде евидентирана со М верзијата така што веќе нема да биде во допир со легендарниот М1 супер автомобил. Плановите на BMW беа откриени минатата година кога тие го регистрираа заштитниот знак М2 во Германија и Соединетите Држави.
BMW го разгледуваат предлогот да ја нудат серија 2 со xDrive погон на сите тркала правејќи го директен ривал на Audi A3 Quattro и Mercedes A-класа 4Matic. Доколку ова стане реалност, тој би носел шест степен мануелен или осум-брзински автоматски менувач во избор со бензински и дизел мотори.