Wörthersee 2012: Volkswagen Polo R WRC & Street – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Wörthersee 2012: Volkswagen Polo R WRC & Street

Volkswagen ги изненади своите фанови на фестивалот Wörthersee во Австрија со претставувањето на сериската и трачката верзија на Polo R WRC.

Polo R WRC Street concept e мало возило наменето за сериско производство. Тоа што ја прави оваа студија посебна, покрај фактот дека ќе биде побрза од Golf GTI, е тоа што Германската компанија потврди дека прикажува модел кој ќе започне со производство до крајот на 2013. Во овој прототип се наоѓа веќе докажаниот 2.0-литарски мотор со турбополнач и 220 коњски сили, односно 10 коњски сили повеќе од Golf GTI. Како што можеме да претпоставиме, инспирација за Polo R WRC е влегувањето на компанијата во Светскиот Рели Шампионат, почнувајќи од 2013.

Polo R WRC Street се истакнува од стандардната верзија благодарејќи на цел асортиман од нови аеро делови како редизајнираниот преден браник со поголеми отвори за воздух, лип спојлер, заден дифузер, црни додатоци на лаковите од тркалата, кровен заден спојлер и поголеми алуминиумски тркала. Volkswagen додаде дека шасијата на возилото е надоградена со пониска спортска суспензија. Во внатрепноста можат да се забележат нови спортски седишта и волан покриени со Алкантара.

Вториот автомобил кој Volkswagen го претстави е ново развиената рели верзија на Polo R WRC која ќе се натпреварува на Светскиот рели Шампионат. Располага со тркачка верзија од 1.6-литарскиот TSI мотор навиен на приближно 300 коњски сили, а забрзува од место до 100 км/ч за 4.1 секунда.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.