Wörthersee 2012: Volkswagen Golf GTI Black Dynamic Concept со 355КС – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Wörthersee 2012: Volkswagen Golf GTI Black Dynamic Concept со 355КС

Од минатиот Октомври, девет млади ученици од Volkswagen на возраст од 18 до 24 години, работеа на посебен Golf GTI проект. Нивните огромни напори го создадоа Golf GTI Black Dynamics Concept!

Клучните промени во стајлингот се состојат од мат сива хауба со детали во вид на саќе кои исто така се појавуваат и на профилот од автомобилот, нови црни 19-инчни бандажи, LED светлосни групи и црвено црн ентериер. Автомобилот покрај останатото располага и со 1,800 ватен звучен систем.

Под поклопецот можат да се воочат и други надоградби, така што учениците од VW го измениле 2.0-литарскиот турбополнет четири-цилиндричен мотор засилувајќи го од 207 кс на 355 кс. Додадени се и нов издувен систем, сопирачки со високи перформанси, како и спортска суспензија која ја намалува висината на автомобилот за 35 милиметри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.