Wörthersee започнува за само неколку денови, и веќе почнуваме да дознаваме што ќе се појави таму. Годинава SEAT ќе прикаже две екстремни верзии на своите најпопуларни модели!
Првиот од моделите кој ќе ја има својата премиера е Seat Ibiza SC Trophy. Навиената Ibiza под поклопецот на моторот го крие веќе познатиот 1.4-литарски TSI агрегат кој испорачува 180 коњски сили и е поврзан со 7-степен DSG менувач. Она што е ново е блокирачкиот диференцијал поставен меѓу предните тркала, но и големите тркала и кочници, како и тркачката суспензија. Во внатрешноста се крие целосен заштитен кафез и олеснет тркачки ентериер.
Вториот модел е Leon Supercopa – кој го носи познатиот 2-литарски TFSI мотор, овој пат навиен на импресивни 300 коњски сили. И тој е поврзан со DSG менувач, но со 6 брзини а максималната брзина е 250 километри на час. И Leon Supercopa е подготвен за трки, со олеснет ентериер и спортски бодикит.
Во Seat сметаат дека овие автомобили се одлични за тркачите-почетници, кои тукушто решиле да се занимаваат со овој спорт. Соодветно на тоа, Ibiza SC Trophy чини 31.500 евра, а Leon Supercopa чини 63.000 евра!