BMW 316i, 320i EfficientDynamics и Серија 3 xDrive – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW 316i, 320i EfficientDynamics и Серија 3 xDrive

По претставувањето на новите 320i, 316d и 318d на почетокот од годинава, BMW уште еднаш го проширува рангот на Серија 3 со нови мотори и верзии со погон на сите тркала.

Почнувајќи од ова лето, BMW ќе го нуди нивниот xDrive погон на сите тркала во моделите 320i,328i и 335i, а 320d xDrive ќе следи покасно во оваа година.

На крајот од 2012, Баварскиот производител на автомобили ќе ја лансира основната верзија на Серија 3 седан 316i, во кој се наоѓа четири-цилиндричен 1.6 литарски мотор со турбополнач и 124 коњски сили. Силата ќе се пренесува на задните тркала преку стандарден шест-степен мануелен или со опционален осум-степен автоматски менувач, забрзувајќи од место до 100 км/ч за 8.0 секунди.

Вториот нов модел 320i EfficientDynamics Edition, располага со 2.0 литарски турбо бензински четири-цилиндричен мотор со 168 кс, а доаѓа како замена на 320d EfficientDynamics Edition 2.0 литарскиот турбо дизел со 161 кс. За трансмисијата на 320i EfficientDynamics Edition  ќе биде задолжен мануелен менувач со шест брзини. Забрзувањето до 100 км/ч кај овој модел трае 7.6 секунди, додека неговата потрошувачка е во просек 5.2 литри на 100 километри.

Од Јули BMW ќе го лансира M Sport пакетот, кој и дава поспортски стајлинг и шасиски надоградби на Серија 3.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.