Audi го победи BMW по продадени возила во Април – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го победи BMW по продадени возила во Април

Глобалната луксузна војна има три лути натпреварувачи, сите Германски, сите производители на неверојатни возила, и сите сериозни да ги победат нивните други два ривали. BMW победуваше досега, но последната битка отиде кај Audi.

Луксузниот бренд на Volkswagen продаде 125,200 возила во Април, надминувајќи гo BMW со 121,476, според Reuters. Ова е прв пат Audi да го помине BMW од Јануари 2011. Сепак BMW сеуште го држи водството на годишно ниво со 478,030 продадени автомобили во светот, додека Audi за истиот период успеал да продаде 471.300 возила. Истовремено, Mercedes-Benz e последен со 418,246, односно скоро 50,000 помалку продадени возила годишно.

Audi-евите долгорочни планови предвидуваат зголемување на производството и продажбата до бројка од 2 милиони автомобили годишно, а оваа цел планираат да ја остварат до 2020. Според аналитичарите најголем конкурент на BMW на премиум пазарот, ќе биде баш Audi.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.