Новиот моќен BMW M135i – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот моќен BMW M135i

BMW M135i е првиот автомобил од M Performance спортската гама на Германскиот бренд, кој располага со бензински мотор.

Визуелно, овој М-модел се разликува од стандардната верзија со спортски дотерано подвозје, преден браник со големи отвори за воздух, сребрени капаци на ретровизорите, лесни алуминиумски бандажи во големина од 18 инчи и заден браник со интегриран заден дифузер и две овални издувни цевки.

Во внатрешноста се забележува доза на спортски акцент, како M-спорт кожен волан, спортски седишта од Алкантара и црвени бројки на брзинометарот. Како опција, BMW нуди осум степен автоматски менувач со лопатки за промена на брзините позади воланот.

BMW M135i е погонуван од 3 литрен, реден шест-цилиндричен мотор со 320 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, достапни од 4,500 вртежи во минута. Забрзува од место до 100 км/ч за само 5.1 секунда во мануелен, а за 4,9 секунди во автоматски мод и постигнува максимална, електронски ограничена брзина од 250 километри на час. Фабричките податоци покажуваат просечна потрошувачка од околу 8 литри на 100 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.