По претставувањето на редизајнираниот Continental GTC Convertible, Британската тјунинг куќа Imperial Automotive го претстави нивниот Audentia стајлинг пакет за овој луксузен модел на Bentley.
Овој стајлинг пакет содржи нов преден браник со црна решетка, спортски странични прагови, заедно со изменет заден браник со интегриран дифузер и издувни цевки, како и суптилен лип спојлер на багажникот. Сите делови се направени од јаглеродни влакна.
Изгледот може да биде комплетиран со различни сетови на тркала. Imperium истакна дека Audentia пакетот ќе биде достапен во ограничена бројка, а ќе излезе ова лето, па тие кои се заинтересирани треба да ја контактираат компанијата директно.